СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Николовски: Струмица ќе добие модерен откупно-дистрибутивен центар за земјоделски производи во вредност од 6.2 милиони евра

Денеска централниот караван на СДСМ, заедно со министерот за земјоделие, со пратениците, со сите функционери од овој Струмички регион сe во посета на Општина Струмица и околните општини.

Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ, рече дека дошле да разговарааат со земјоделците, со пазарџиите, со граѓаните се со цел да се решат проблемите и да се престави она што го нудат за следниот чист мандат за новата влада предводена од СДСМ. Токму поради тоа во Струмица денес ќе се одржи Централната трибина, како дел од агендата “20-24” на којашто ќе се разговара за идните предизвици во делот на земјоделството. Ова е дел од програмата “ План за живот” во кој што во најголем дел од мерките, политиките, она што е ветено пред граѓаните веќе е реализирано.

„Затоа денес во Струмица со гордост може да го потенцираме и повториме проектот за модернизација на земјоделството. Проект на којшто СДСМ оваа Влада, министерството работеше во сите изминати месеци односно, две години интензивно се работеше да го финализираме. И пред два дена во Бордот на Светска Банка веќе е донесена одлука со којашто проектот за модернизација на земјоделството на Северна Македонија е одобрен, односно се одобруваат 46 милиони нови средства и пари за земјоделството. Од овие 46 милиони, 32 милиони евра се токму за изградба на откупно дистрибутивни центри. На тоа се потпираше и програмата и ветувањата на СДСМ за подобрување на состојбата во аграрот и за подобрување на откупот и пласманот на земјоделските производи. Еден од овие откупно дистрибутивни центри ќе се гради во Струмица и во Струмичко, односно 6,2 милиони евра се предвидени токму за откупно-дистрибутивен центар којшто ќе се гради во овој регион“, изјави Николовски.

Тој додаде дека во овие 2,5 години нашата земја е лидер и светол пример и во искористеноста на европските фондови.

„Преку ИПАРД 2 програмата до денес се склучени над 1570 договори, односно се исплатени само во оваа година над 12 милиони евра, европски и национални пари само за реализација на проектите кои што се во земјоделството, а се финансираат преку ИПАРД. За само 2 години сме исплатиле 12 милиони евра“, рече Николовски.

Поврзани вести

Какви се очекувањата на аналитичарите за ефектите на Ковид – 19 врз домашната економија?

Stefanija Kuzmanovska

Граѓаните брзаат да ги повлечат парите од државната помош

Берта Китинска

Бислимоски: Производството на струја од јаглен наскоро ќе се замени со природен гас

Влатко Зорба