20.8 C
Скопје
19 септември, 2025
СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

„Nomad Capitalist“ ја вбројува Македонија како една од најсилните „економии со слободен пазар“

„Nomad Capitalist“ ја вбројува С. Македонија во една од најсилните „економии со слободен пазар“ во светот. Во написот покрај Македонија, наброени се: Кина, Сингапур, Хонг Конг и Грузија.

„Во С. Македонија потребни се два дена за да започнете бизнис. Земјава ги прифаќа принципите за слободен пазар, стремејќи се кон поголем раст и развој“, наведува во анализата на „Nomad Capitalist“ Ендрју Хендерсон.

„Сместена на Балканот, на југот на Србија, Македонија направи големи чекори кон политиките на слободен пазар во изминатата деценија. Земјата е сè повеќе про-деловна област со 0% даночни зони, зони на слободна трговија и 10% данок на добивка. Дополнително, потребни се само два дена за да започнете бизнис во Македонија и не е потребен минимален капитал.“, пишува Nomad Capitalist.

Тие нагласуваат дека земјата работи да стане потранспарентна и да создаде пофлексибилен пазар на труд.

Поврзани вести

Царовска: Креиравме мерки за поддршка на сите граѓани

Берта Китинска

ЕУ со 35 милиони евра ги поддржува реформите во секторот јавни финансии во земјава за да се создаде ефикасен и транспарентен систем

Влатко Зорба

Дали е ова најлудиот дизајн на телефонот досега? (ВИДЕО)

Никола Поповски