СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

НУК: За чиј интерес е формиран Комитетот за туризам?

„Кој, со кого и на кој начин договарал формирање на Комитет за туризам и кои се тие што си земале за право и одлучиле да се игнорираат и да не се номинираат Независната угостителска комора, Стопанската комора на туризам на Македонија и повеќето македонски здруженија за туризам и угостителство. Зошто им е одземено договореното и ветено право рамноправно да учествуваат во формирањето на овој комитет и да имаат право да предложат свои членови и заменици на членовите на Комитетот за туризам?“, прашуваат денеска од Независната угостителска комора (НУК).

„Кој тоа одлучи и како може да членуваат покрај комори и некоиси здруженија кога постојат релевантни комори од туристичко угостителската дејност и други соодветни здруженија кои дале свои допринос во унапредување на туризмот и утостителството и кои биле веќе рамноправни членки во постојните координативни тела кои работеле во склоп на Министерството за економија.

Како тоа иницијаторот Здружението за туризам и угостелство при Стопанската комора на Македонија кој молеа за поддршка за заедничко формирање на овој Комитет како највисоко тело во кое треба да учествуваат сите комори и релевантни здруженија и бараа поддршка за разрешување на директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот одеднаш се најдоа заеднички први на листата на членови во ново формираниот Комитет за туризам

Во месец Октомври Здружението на угостителство и туризмот при Стопанската комора на Македонија, Туристичко-угостителска комора на Македонија во рамки на Сoјузот на стопански комори на Македонија и Националната асоцијација за дојдовен туризам – НАИТМ укажувајќи на некооперативност, дисфункционалност, односно непродуктивност на ресорната институција одговорна за промоција и поддршка на туризмот побараа разрешување на директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот – Г-динот Љупчо Јаневски и избор на нов директор на предлог на реалниот сектор преку стопанските комори и туристичките асоцијации. На молба и барање за поддршка од Здружение на угостителство и туризмот при Стопанската комора на Македонија кон барањето за смена на директорот се приклучи и Независната угостителска комора со дополнување кон барањето и иницијатива на промена на името на агенцијата во АГЕНЦИЈА ЗА ПРОМОЦИЈА И ПОДДРШКА НА ТУРИЗМОТ И УГОСТИТЕЛСТВОТО.

Со барање за разрешување на директорот Љупчо Јаневски од коморите и здруженијата до Владата беше поднесена и иницијатива за итно да се конституира Комитетот за туризам и угостителство, како и што бил првиот назив на ова тело конституирано со Уредба за оснивање Комитет за туризам и угостителство на Владата на Народна Република Македонија („Службен весник на НРМ” бр. 30/48). Како ново формирано владино тело од највисок ранг Комитетот треба да ги разгледува предложените мерки, студии, проекти од областа на туризмот и угостителството кое ќе дејствува како механизам за изнаоѓање решенија и надминување на пречките за развој на туризмот и угостителството особено во кризни ситуации.

Денес сме сведоци на бескруполозно владеење и злоупотреба на функции на одредени Владини претставници во координација и соработка со претставниците на одредени комори во донесување на одлуки за зачувување на лични интереси, а не за демократско учество и грижа на јавните интереси во случајот на интересите на целокупната угостителска индустрија при донесување на одлуката за членки односно претставници во формирање на овој Комитет.

Бараме и очекуваме од Претседателот на Влада Зоран Заев на следната наредна седница веднаш да ја исправи грешката која одредени претставници на Владата ја направиле со игнорантскиот однос и да се извршат корекции на членот 6 од Одлуката за формирање на Комитет на туризам и покрај наведените членови и заменици на членовите да се наведат и членови на НЕЗАВИСНАТА УГОСТИТЕЛСКА КОМОРА, СТОПАНСКАТА КОМОРА НА ТУРИЗАМ НА МАКЕДОНИЈА и членови на македонските здруженијата ОХРИДСКИ ЕСНАФ од Охрид, ТИКВЕШКИ УГОСТИТЕЛИ од Кавадарци, АНТИГОНЕА од Неготино, КЛУБ ЕСНАФ од Битола, ЗУТ КРУШЕВО и ПРИЛЕПСКИ МЕАНЏИИ од Прилеп со кои заеднички допринесувавме изминатиот период во унапредување на туризмот и угостителството во Македонија.

Воедно бараме и очекуваме називот на Комитет на туризам да се промени во КОМИТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И УГОСТИТЕЛСТВО со што комитетот во своето работење реално ќе ја опфати целокупната туристичко угостителска индустрија“, истакнуваат од НУК.

Поврзани вести

Возобновен Националниот контакт центар за економски мерки

Влатко Зорба

МФ: Интересот на граѓаните за проектот „Купи куќа, купи стан” е голем

Влатко Зорба

Битиќи: Ќе продолжи поддршката на стопанството, тие се генератор на развојот

Влатко Зорба