СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Обуки за интегритет и заштита од корупција во бизнис секторот

Серија специјализирани интернет обуки за интегритет и заштита од корупција, наменети за сите компании кои сакаат да воспостават програми и практики за превенција и спречување на корупција, етичко управување и усогласеност со регулативата организира Центарот за граѓански комуникации, Конект и Здружението на даночни советници.

Учесници од компании, како што информираат организаторите, ќе имаат пристап до светски ресурси за најдобра пракса и услуги за поддршка, специјално дизајнирани за да им помогнат да ги идентификуваат и отстранат потенцијално корумптивните практики од нивното работење.

Обуките ги спроведуваат реномирани обучувачи од компании од Северна Македонија и ќе се одржуваат во две онлајн сесии – четврток и петок од 10:00 до 13:00.

Сите заинтересирани може да се пријават на www.bezkorupcija.mk.

Обуката се одвива во рамките на проектот „Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и приватниот бизнис – сектор“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), Конект и Здружението на даночни советници.

Поврзани вести

Средба Заев – Азески: Предлозите на бизнис заедницата ќе се вметнат во партиската изборна програма

Никола Поповски

Грција ги укина ограничувањата на летовите од С. Македонија

Влатко Зорба

Извезени дијаманти вредни 107,4 милијарди долари

Stefanija Kuzmanovska