СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Ова работно место се смета за едно од најтешките во светот

Оној кој ќе го наследи доскорешниот претседател на Светската трговска организација (СТО), Роберто Азеведо, би требало да се соочи со бројни предизвици што ја засегаат целата планета, пишува Reuters.

Еден од поголемите проблеми е секако американско – кинеската трговска војна, но тука се и предизвиците што со себе ги донесе пандемијата предизвикана од коронавирусот.

На чело на СТО, според Reuters, треба да застане харизматичен и силен лидер за да може да ја врати организацијата на вистинската патека.

Од последните шест челници на СТО, тројца се од Европа, а по еден од Тајланд, Бразил и Нов Зеланд. Сега на ред, како што наведуваат експертите, е претставник од Африка.

Инаку, Азеведо минатата недела најави дека се повлекува од челната позиција во СТО, една година пред истекот на неговиот мандат. Со оглед на тоа што седиштето на СТО е во Женева, како причина за оставката Азеведо ја наведе одвоеноста од неговото семејство кое живее во Бразил.

Поврзани вести

Влада: Од 28 април отворените делови на угостителските објекти ќе работат до 20:30 часот

Влатко Зорба

САД: Расте бројот на невработени, уште 778.000 лица бараат државна помош

Stefanija Kuzmanovska

Сто проценти проценти поголема дневница за вработените кои се ангажирани во недела