СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Пензиите ќе се исплаќаат од 29 март

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец март 2021 година и го задолжи Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26.03.2021 година, на кои им се препорачува да обезбедат пензионерите да може да располагаат со мартовските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 29.03.2021 година.

Банките готовинската исплата на пензии да ја организираат во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.03.2021 година (понеделник);
– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.03.2021 година (вторник);
– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 31.03.2021 година (среда); и
– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.04.2021 година (четврток).

Поврзани вести

Приходите на Huawei нагло се зголемија минатата година и покрај сите скандали и санкции

Stefanija Kuzmanovska

МИНАТАТА НЕДЕЛА РЕЧИСИ 1,5 МИЛИОНИ невработени во САД: Бројот на барања за помош останува висок

Stefanija Kuzmanovska

ИПК: Македонија оди наназад и надолу во борбата против корупцијата

Влатко Зорба