СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Усвоен текстот на Договорот за гасниот интерконектор со Грција

Владата го разгледа и прифати текстот на усогласениот Договор меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Грција за изградба на интерконекцијата за пренос на природен гас Грција – Северна Македонија и го овласти министерот за економија Крешник Бектеши во име на Владата да го потпише овој договор со Владата на Република Грција.

Со овој договор за заедничка изградба интерконекторот со Грција ќе се овозможи гасно поврзување на Централна и на Југоисточна Европа со цел унапредување на диверзитетот и конкурентноста на снабдувањето со природен гас и обезбедување на сигурноста во снабдувањето на регионот. Овие цели ќе се обезбедат и по пат на унапредување на регионалната инфраструктура и подобрување на интеграцијата на пазарите, како и преку обезбедување на потребните количества на природен гас за сите потрошувачи во регионот на Централна и на Југоисточна Европа (CESEC), вклучувајќи ја и Република Северна Македонија.

Поврзани вести

Деспотовски: Очекувам во скоро време да склучиме најголем договор за странска инвестиција во историјата на С. Македонија

Влатко Зорба

Ако докажат дека ќе се греат поефикасно, граѓаните ќе може да се исклучат од системот за парно

Вработени пријавувале неисплатен регрес, трудовиот инспекторат ќе врши инспекциски надзор во Бапал и Стед Комерц

msp-admin