СТАНДАРД life
АНАЛИЗИ

Неуспехот на вакцинацијата во Европа навестува мрачно и тешко лето

Забрзаната имунизација на населението во САД по инаугурацијата на новиот шеф на државата дава надеж дека Американците ќе можат да се вратат на плажите и патиштата ова лето, пишува „The Wall Street Journal“.

Од другата страна на океанот, во Европа, летото изгледа мрачно и полно со незадоволство. Владите во Европската унија се надеваа дека доволно Европејци ќе бидат имунизирани на почетокот на 2021 година и дека воведените здравствени мерки можат да бидат олеснети во име на релативно нормално лето. За милиони компании кои едвај ја преживеаја зимата – особено во Италија, Грција и Шпанија, каде што туризмот е одговорен за огромен удел на вработувањата и економија – ова ќе биде зрак надеж за нивниот опстанок.

Сепак, вакцинацијата на Стариот континент е полн со проблеми, а напредокот е едвај видлив. Загриженоста за безбедноста на вакцината „AstraZeneca“ само ја влоши ситуацијата. На крајот на краиштата, бавното темпо значи дека европската економија ќе заостанува зад онаа на Соединетите Американски држави. Некои европски земји, кои многу се потпираат на туризмот, може да забележат контракција на БДП и оваа година.

Голем број на земји од ЕУ – вклучувајќи ги Франција, Германија и Италија – вратија строги ограничувања во обид да се справат со големиот број на заразени лица. Според Google Mobility, шопингот и посетите на ресторани во Западна Европа се уште се половина од нивото на пред-пандемијата. Во САД, тие се само 10% под нив.

Ограничувањата значат дека економијата на еврозоната – која веќе се очекуваше да се намали во првите три месеци од 2021 година – ќе влезе во двојна рецесија. Додека САД ќе растат за 1,5% во текот на истиот период. Еврозоната се предвидува да остане во тешка позиција во наредните месеци – барем додека не се забрза имунизацијата. Во големи земји како што се Франција, Германија и Италија, помалку од 10% од населението примило барем една доза на вакцина – во споредба со 23% во САД.

Брисел се надеваше дека земјите-членки ќе имунизираат 70% од нивното население до септември – цел, која повеќето наивно изјавија, дека ќе ја постигнат. Но, веројатноста да се случи ова се намалува со секој изминат ден, поради проблеми со снабдувањето од една страна – и поради одбивањето на сè повеќе Европејци да ја прифатат вакцината „AstraZeneca“.

Џорџо Равека, кој управува со летно одморалиште во Италија, е загрижен дека Рим ќе го ограничи туризмот во потоплите месеци. Земјата ги остави своите зимски одморалишта затворени во последните месеци и има малку надеж дека ограничувањата нема да бидат продолжени во текот на летото. Туризмот сочинува околу 13% од економијата на Италија. За Шпанија ова учество е 14%, а за Грција – 21%.

Вкупните приходи од туризам се преполовија во Италија минатата година на 88 милијарди евра и за скоро две третини во Шпанија на 44 милијарди евра. Се уште не е јасно какви ќе бидат мерките ова лето. Иако Грција и Португалија досега ветуваа дека ќе ги отворат своите граници за странски туристи уште во мај, зголемениот број на заразени и хоспитализирани лица може да доведе до одложувања. Пред разочарувачкото започнување на програмите за имунизација во ЕУ, властите се надеваа на умерено економско закрепнување во трите месеци до крајот на јуни за да се забрза летото. Според ова сценарио, само половина од земјите во еврозоната би се вратиле на нивото пред кризата до крајот на годината, а економијата на монетарната унија би забележала вкупен раст од 4%, наспроти 6,5% во САД.

Меѓутоа, ако се откажат летните одмори, влијанието врз бизнисот ќе биде сериозно. Тримесечно одложување на отворањето ќе донесе само 2,5% раст на еврозоната оваа година, а враќањето на нивото на пред-пандемијата ќе се одложи до крајот на 2022 година. Покрај тоа, одложеното закрепнување ќе остави долгорочна штета на економиите на Стариот континент. Дури и да бидат укинати ограничувањата до летото, Брисел не очекува дека Италија и Шпанија ќе се вратат на нивото пред пандемија барем до крајот на 2022 година – цела година по Германија – што ќе ја зајакне поделбата меѓу богатиот Север и заостанатиот Југ.

Иако услугите претрпеа загуби, европските производители успеаја да се справат со ограничувањата, избегнаа затворање во текот на зимската сезона и веќе уживаат во силно закрепнување. Индустриското производство во еврозоната се зголеми во јануари во споредба со истиот период минатата година, завршувајќи 2-годишен период на контракција.

Барбара Коломбо, извршен директор на Ficep – италијанска компанија која произведува опрема за челичната индустрија – не најде доволно вработени за да ги пополнат работните места. Нарачките во компанијата во моментов се за една четвртина под нивото на пред-пандемијата, но предвидувањата се за брзо закрепнување. Сепак, силниот производствен сектор нема да ја надомести слабоста во услужниот сектор.

Во исто време, европските банки стануваат повнимателни во доделувањето нови заеми на деловните субјекти и домаќинствата, бидејќи се загрижени дека постојаната пандемија ќе ги намали шансите за нивна отплата. Новите заеми за компаниите од еврозоната речиси запреа во периодот од декември до јануари, според Европската централна банка.

Минатата недела ЕЦБ соопшти дека ќе го зголеми купувањето обврзници за да ги задржи ниските трошоци за позајмување. Каматните стапки се зголемија заради подобрите прогнози за американската економија.

Поврзани вести

Зошто богатите држави ќе имаат корист од помошта на ММФ за сиромашните вредна 650 милијарди долари?

Влатко Зорба

Сега е време за глобален фискален одговор на коронавирусот

msp-admin

Биткоинот не може да ги замени банките

Влатко Зорба