СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Пет совети како да станете побогати

Ако ги направите овие 5 работи, шансите да се збогатите се прилично големи

1. Поминете повеќе време во учење и работа, отколку во гледање телевизија

Колку заработувате генерално се определува од тоа колку знаете. Како што вели Скот Адамс, авторот на стрипот „Дилберт“: „Секоја навика што ја стекнувате ги дуплира вашите шанси за успех“. Колку повеќе учите, толку повеќе ќе заработувате. Ја споменавме ТВ пред малку. Сама по себе, таа не е зло. Проблемот е во тоа што повеќето луѓе поминуваат премногу време гледајќи ТВ-програми, наместо да учат, работат и развиваат. Како резултат, тие имаат помалку приходи и помалку знаење.

2. Читајте секој ден

Ние не ве охрабруваме да читате 100-200 книги на ден. Само свртете неколку страници на ден. Колку напор ќе ве чини ова? Отсекогаш постоела корелација помеѓу писменоста и благосостојбата. Колку повеќе ќе прочитате, толку повеќе ќе заработувате. Ако читате секој ден или секој втор ден, ќе забележите дека почнувате да генерирате нови идеи, размислувате за нови пристапи.

3. Разберете како функционираат парите

Во својата книга „Богат татко, сиромашен татко“, Роберт Кијосаки пишува дека богатите се богати, едноставно затоа што тие се повеќе финансиски писмени од останатите. Откријте како функционираат парите. Почнете да ги привлекувате. Кога ќе читате многу за парите, тие почнуваат да влегуваат во вашиот живот.

4. Работете напорно сега, за да можете подоцна да се одморите

Одложеното задоволство не е популарно. Повеќето луѓе би сакале да имаат 100 евра сега, отколку 1.000 ева подоцна. Ако можете да се жртвувате сега за подобро утре, ќе бидете богати.

5. Создадете повеќе извори на приход

Повеќето луѓе немаат финансиска независност. Имаат кредитни обврски, студентски заеми, хипотеки, автомобили купени на кредит, итн. Тие ги спречуваат да ги трошат своите пари како што сакаат. Повеќето луѓе немаат богатство. Многумина се банкротирани или во долгови. Многу луѓе не штедат, инвестираат, ја развиваат својата финансиска интелигенција. Еден начин да се збогатите е да имате повеќе извори на приходи. Фокусирајте се на оваа цел.

Поврзани вести

„Интеренерго“ и „Тригал“ со инвестиција од над 40 милиони евра во Богданци за продукција на електрична енергија од ОИЕ

Влатко Зорба

Николовски: Во вторник ќе се соопштат информациите за увозот на течни горива

Влатко Зорба

Анѓушев: Домашната економија мора да биде отворена кон големите земји и пазари и да воспостави комуникации со руските компании