СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Пошта воведува нови конкурентски услуги на пазарот

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска оствари работна средба со генералниот директор на АД Пошти на Северна Македонија, Јани Макрадули, на која се разговарaло за активности во работењето на „Пошта“ како и за новите услуги што претпријатието ги воведува.

Особено се потенцирало дека во перидот што следи, фокус на работењето ќе биде подобурвање на технолошкиот процес, нова ценовна политика и поволни услови за корисиниците на поштенските услуги.

Макрадули истакнал дека подобрувањето на работењето се прави користејќи нови современи дигитални алатки, соработка со Поштите од регионот, намалување на непродуктивноста и соодветна прераспределба на тековно расположивиот човечки кадар.

Посебно се посочило воведување на платформата е-трговија, алатка на која ќе се темели идното работење на АД Пошти.

Бочварски пак, изразил целосна поддршка во имплементација на новите услуги.

„Денешната средба со директорот беше значајна бидејќи разговаравме за новите предизвици што следат на пазарот на поштенски услуги. Многу е важно Пошта да понуди нови конкурентски услуги на пазарот. Ја изразив мојата целосна подготвеност да дадеме поддршка за сите процеси и услуги што ќе ги воведува во следниот период”, изјави министерот Бочварски.

Поврзани вести

Се преговара за инвестиции со 9 нови странски компании

Влатко Зорба

Спасовски: Банкарскиот систем кој е најстабилен, ќе мора да носи дел од товарот

Берта Китинска

Вработените од Тиго Фајнанс со донација за здружението за дигитална инклузија „Отворете ги прозорците“

Влатко Зорба