„Microsoft“ доби жестока конкуренција откако „Salesforce“ го купи „Slack“ за неверојатни 22,7 милијарди долари, апликација за пораки која е многу популарна во корпоративниот свет.
Купувањето на „Slack“ е најголемата аквизиција на „Salesforce“ во нивната 21-годишна историја. Шефот на овој софтверски гигант, Марк Бениоф, спомена дека овој договор е „склучен во самиот рај“. Тој беше тој што имаше за цел компанијата да ја прошири својата софтверска понуда и да им се закани на ривалите како што е „Microsoft“.
Оваа аквизиција дојде во ера на зголемен фокус на далечинско управување, работата од дома и алатките што го овозможуваат тоа, а „Slack“ е една од нив.
„Ако „Salesforce“ сака да го прошири својот рудник за злато од продажба и маркетинг, ова беше моментот што претставуваше вистинска закана за „Microsoft“, рече технолошкиот аналитичар Ден Ајвс.
„Slack“ е основана во 2009 година и воопшто не помина лесен пат. Благодарение на групните разговори, кои нудат алтернатива на е-поштата, оваа апликација стана популарна во многу корпорации. Вредеше 20 милијарди долари во 2019 година, но доживеа голем пад поради астрономскиот раст на голем број технолошки компании оваа година.
„Slack“ има околу 12,5 милиони корисници и води голема битка со „Teams“ на „Microsoft“, сличен производ со над 100 милиони корисници. Токму компанијата на Сатја Надела сакаше да ја купи оваа компанија пред четири години, а откако договорите пропаднаа, тие направија своја апликација, која им стана најголем ривал.
За споредба, апликацијата WhatsApp е купена за „само“ 18 милијарди долари.