СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Примената на Законот за извршување продолжува од 24 јули

Целосната примена на Законот за извршување продолжува од 24.07.2020 година, 30 дена по престанување на вонредната состојба, информираат од Комората на извршители.

– Согласно Уредба со законска сила за примена на Законот за извршување за време на вонредна состојба (Службен весник бр. 86 од 01.04.2020 година) е предвидено дека Законот за извршување (Службен весник бр. 72/16,142/16,233/18 и 14/20) нема да се применува од денот на влегување во сила на уредбата со законска сила до 30 јуни 2020 година, a согласно Уредба со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за извршување за време на вонредна состојба (Службен весник бр. 156 од 12.06.2020 година) се менуваат зборовите од првата Уредба „до 30 јуни” со зборовите „заклучно со истекот на 30 дена по престанувањето на вонредната состојба”, стои во соопштението од Комората на извршители на РСМ.

Од Комората посочуваат дека согласно последната Уредба со законска сила за измена и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за извршување, важењето на Уредбата е уште 30 дена по престанувањето на вонредната состојба, а која заврши на 23.06.2020 година, што значи дека од 24.07.2020 година продолжува целосната примена на Законот за извршување.

Поврзани вести

„Стоп за грабежот“: Ветинг на судиите и враќање на извршителите во судот

Берта Китинска

Намалена затезна и казнена камата ќе се плаќа и 60 дена по вонредната состојба

Седница на ЕСС: Поддршката за исплата на плати ќе биде скалеста согласно падот на приходите на компанијата