Само неколку часа откако извршниот директор на Тесла, Илон Маск го објави новиот производ на неговата компанија, „Тесла Текила“ (Теслакила), тој веќе бил распродаден.
Тоа му успеало и покрај високата цена од 250 долари за шише и фактот дека е достапна само во одбрани американски држави, пишува „Mashable“.
Целата идеја за текилата се роди во 2018 година како дел од шега за 1 aприл, кога Маск на својот Твитер профил објавил дека Тесла ќе банкротира. Тогаш Маск објавил фотографија од него како седи онесвестен потпрен на Тесла модел 3 и опкружен со шишиња на кои пишува „Теслакила”.
Teslaquila coming soon … https://t.co/AtoVGOtvVR
— Elon Musk (@elonmusk) October 12, 2018
Овој мексикански пијалок, брендиран од „Тесла“, е направен од „планински и низински агави од одржлив извор. Покрај вкусот, има и уникатен дизајн на пакување: шишето е во форма на молња, изработено од рачно разнесено стакло.