25.8 C
Скопје
20 септември, 2026
СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бесими: Ќе има дополнителни 70 милиони евра за зајакнување на економијата

Министерот за финансии Фатмир Бесими на денешната прес-конференција објави дека законските измени за 22 мерки од вкупно 31 мерка од Четвртиот пакет, кои се во надлежност на Министерството за финансии, се веќе донесени или пак се во собраниска процедура.

„Ќе се овозможи голем број од работниците да ги зачуваат своите работни места и ќе има дополнителни 70 милиони евра за зајакнување на економијата. Ќе следи и поддршка за граѓаните во износ од 6.000 денари и помош за работодавачите за исплата на плати на работниците за месеците октомври, ноември и декември. Овие нови финансиски мерки ќе почнат да важат од 1 јануари 2021 година“, посочи Бесими.

Бесими посочи и дека со ребалансот се обезбедени 160 милиони евра за мерките кои имаат директни буџетски импликации како финансиската поддршка за исплата на плата, финансиска поддршка за ранливи категории, поддршка на производители, преработувачи и извозници на грозје и вино, поддршка за дејноста Туристички водич, враќање на туристичка такса за 2019 година, за остварени ноќевања, поврат за Викенд шопинг со МојДДВ, за Државна гарантна шема и Царинска гаранција преку Развојната банка, и за  грантови за туристички агенции, игротеки и ресторани за свадби.

Поврзани вести

Загрозени 29.000 вработени во угостителството, бараат помош од државата

Една недела пред 1 мај, над 320 илјади пензионери ќе добијат пензија

Берта Китинска

Воведена е-трговија во Пошта

Влатко Зорба