СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Промена во органите на управување и надзор во Државна лотарија

Согласно член 166-б, став 2 од Законот за хартии одвредност, АД за приредување игри на среќа, Државна лотарија на РСМ, како друштво чии хартии одвредност не котираат на берзата и не се водат во Регистарот на акционерски друштва со посебни обврски за известување, соопшти за промени во органите на управување во друштвото.

Со одлука на Владата на РСМ на седница на 17 ноември 2020 година се отповикува дотогашниот член на надзорниот одбор (НО) Бејназ Арифи и се избира нов член на НО на друштвото, Скендер Мехмети.

На состанокот одржан на 7 декември 2020 година надзорниот одбор донесе одлука со која Бојан Јанев се разрешува од должноста претседател на НО на друштвото, а за претседателсе избира членот на НО, Скендер Мехмети.

Од страна на надзорниот одбор на состанокот на 14 декември лани разрешен е дотогашниот член на УО, Благоја Лазаревски. На истиот состанок бил избран Перпарим Бајрами за член на УО, а именуван е и за заменик претседател на управниот одбор, кој носи назив заменик генерален директор на друштвото.

Поврзани вести

Оштетени штедачи: Како фирма од Струмица земала 600 илјади евра кредит на вересија?

Влатко Зорба

Изгласан дополнителниот ребаланс на Буџетот за 2019 година

msp-admin

Порнхаб избриша речиси 80% од видеата од својот сајт

Никола Поповски