СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Просечна цена на струјата од 4.789 денари по киловат час за домаќинствата

Просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинствата, во првото полугодие, изнесува 4.789 денари по KWh, што претставува пад од 1,4% во споредба со второто полугодие од 2019 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 3.291 до 6.889 денари по KWh по групи на потрошувачи.

Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена врeдност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 18.535 до 27.118 денари по nm3 по групи на потрошувачи. Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата изнесува 35.683 денари по nm3.

Поврзани вести

МЗЗПР предлага КОВИД-19 да биде признато како професионално заболување

ПИОМ: 1.800 пензионери во Македонија примаат пензија подолго од 40 години

Влатко Зорба

Кои се најдобрите трговски објекти во Скопје за 2020 година?

Никола Поповски