Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во февруари оваа година, изнесува 27.948 денари, додека во бруто износ е 41.704 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во февруари оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемена за 2,7%.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (10,1%), Други услужни дејности (8,2%) и Рударство и вадење на камен (7,5%).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (9%), Уметност, забава и рекреација (6,4%) и Дејности на здравствена и социјална заштита (4,1%).