СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Распишан нов јавен повик за реконструкција на 35 локални улици во 21 општина со вредност од околку 7 милиони евра

Министерството за транспорт и врски го објави вториот јавен повик за реконструкција на локални улици и патишта во рамки на проектот “Поврзување со локални патишта”. Со овој јавен повик опфатени се вкупно 35 локални улици во 21 општина и Град Скопје со вкупна должина од 35,5 километри и вредност од околу 7 милиони евра, истакна на денешната прес конференција министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Во рамки на овој јавен повик опфатена е реконструкција на локални патишта во избрани општини согласно изработени основни проекти, доставени до Министерството за транспорт и врски, а одобрени од Светска банка. Рокот за доставување на понуди е 8 Април 2021 година

“Ова е еден од најзначајните проекти со вкупна вредност од 70 милиони евра што го реализираме преку Министерството за транспорт и врски, а кој се однесува на реконструкција и санација на локалните улици и патишта во општините во Република Северна Македонија. Во оваа втора фаза опфатени се локални улици и патишта во 21 општина и Градот Скопје, кои до Министерството за транспорт и врски доставија комплетна техничка документација. Тоа што сакам да потенцирам, пред извесен период ги склучивме договорите од првата фаза или тендер 1 во рамки на овој ист проект и кон крајот на овој месец започнуваме со реконструкција на 27 улици во 17 општини за што инвестираме 4,4 милиони евра.

Министерот Бочварски потенцираше дека во двете фази заедно опфатени се вкупно 62 локални улици, или инвестиција од преку 11 милиони евра.

“ Веќе работиме и на тендер 3 од овој проект, прибираме проекти од општините, заеднички работиме на нивно усогласување согласно правилата на Светска банка. Во однос на распределените средства веќе информиравме дека висината на распределните средства е различна за секоја општина и е утврдена согласно методологија воспоставена заедно со Светска банка. Како критериуми земени се бројот на население, бројот на населени места во општината, површина на општината и бројот на регистрирани моторни возила во општината” истакна министерот Бочварски.

Тој додаде дека овој проект е од голема важност за општините, бидејќи општините добиваат неповратни средства за реконструкција на локални улици и патишта кои се приоритетни за граѓаните и ги повика општините навремено да доставуваат готови проекти.

Поврзани вести

По вчерашното опоравување, цените на нафтата повторно паднаа

Анѓушев: Берзата треба да се искористи за вбризгување свеж капитал во компаниите

msp-admin

Од почетокот на пандемијата 18.174 граѓани останале без работа

Влатко Зорба