Светските цени на златото растат во фонот негативни прогнози за економијата во САД, покажуваат податоците од њујоршката берза Комекс.
Јунските цени на златото пораснаа за речиси еден процент и се тргува за 1.773 долари за унца. За време на тргувањата денеска цената порасна речиси до 1.775,8 долари, што е највисоко ниво од септември 2012 година.
Цената на златото расте откако првиот човек на Федералните резерви на САД (ФеД), Џером Пауел, изјави дека невработеноста во САД во вториот квартал на 2020 година може да се искачи до 25 проценти, а економијата и БДП да се намалат за 20 отсто.
– Резултатите ќе бидат многу лоши, ќе има голем пад на економската активност, голема невработеност, изјави Пауел денеска за Си-Би-Ес.
Тој во средата изјави дека „големината и темпото на економскиот пад се незабележани досега уште од Втората светска војна“. ФеД не исклучува и нов колапс на американските финансиски пазари.
Но, како што изјави Пауел денеска, економијата, можеби бавно, но ќе се обнови.
– Нашата економија беше силна само пред два месеца, одговоривме со робустни мерки. Одиме со бавна и постепена обнова во втората половина на 2020 годиа, која предвидувам да трае до крајот на 2021 година, кога американската економија ќе се врати во нормала, но и во многу посилна сосотојба, изјави тој.