СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

РКЕ со апел: Граѓаните да не се исклучуваат од струја, парно и вода поради неплатени сметки

Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на РСМ им препорачува на компаниите кои што се вршители на енергетски дејности, како и на јавните претпријатија во наредните две недели да не ги исклучуваат граѓаните поради неплатени сметки за електрична енергија, топлинска енергија и вода.

„Имајќи ја во предвид одлуката на Владата на Република Северна Македонија за превенција од ширење на корона вирусот и пандемијата што е прогласена од Светската здравствена организација, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ со оваа препорака има за цел да им укаже на компаниите и јавните претпријатија чие работење е под надлежност на РКЕ да покажат хуманост и да се воздржат од активности што би влијаеле врз здравјето на човекот – изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија.

Поврзани вести

Работиме со сите сили да ја трансформираме С. Македонија во нов регионален центар на иновации, рече премиерот

Влатко Зорба

Работниците во четврток излегуваат на улица

Влатко Зорба

Ангеловска-Бежоска на 43. средба на Клубот на гувернерите