СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

С. Македонија и ОАЕ ќе потпишат договор за поттикнување и заемна заштита на инвестиции

На денешната седница на Владата, на предлог на Министерството за финансии, Владата го разгледа и прифати Извештајот за завршени преговори за склучување на Договор меѓу Владата на Северна Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за поттикнување и заемна заштита на инвестиции и го определи министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во име на Владата на Република Северна Македонија да го потпише овој Договор.

Владата денеска ја разгледа и го утврди текстот на Информацијата во врска со склучување на меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Србија, Советот на министри на Република Албанија и Владата на Република Северна Македонија за соработка за подобрување на увозот и транзитот на стоки и на Договорот за соработка за заштита и спасување од катастрофи во Западен Балкан и го овласти премиерот да ги потпише меморандумот и договорот.

Поврзани вести

Игротеките бараат помош од Владата и датум за нивно повторно отворање

Извршени вкупно 2 895 вонредни инспекциски надзори во периодот од 12 до 18 мај

„Лидл“ ќе вложи 300 милиони евра во Скопје и ќе отвори и неколку маркети