СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

САД: Расте бројот на невработени, уште 778.000 лица бараат државна помош

Минатата недела околу 778.000 американски работници аплицираа за надоместоци за невработеност, бидејќи ненадејниот раст на случаи со коронавирус го попречува и го држи под притисок закрепнувањето на пазарот на трудот, соопшти денеска Министерството за труд на САД. Министерството за трговија во средата, во втората проценка на БДП, потврди дека економијата на САД пораснала за 33,1 проценти на годишно ниво во третиот квартал.

Бројот на побарувања за надоместоци за невработеност во САД се зголеми повторно минатата недела, што е јасен показател дека силниот раст на бројот на новозаразени и ограничувањата во бизнисот го нарушуваат закрепнувањето на пазарот на трудот.

Со новите невработени кои аплицирале за државна помош, вкупниот број, според евиденцијата на Министерството, достигна околу 68,9 милиони луѓе, сезонски прилагодените податоци покажуваат ефекти на Ковид-19, што е приближно еднакво на населението на Тајланд, пренесува „Њујорк Пост“.

Бројот на новорегистрирани невработени се зголеми втора недела по ред и девет месеци по ред го надмина највисокото ниво од периодот пред пандемијата од 695.000 поднесени пријави.

Ситуацијата со работните места е сепак нешто подобра отколку на почетокот на епидемијата. Имено, од вкупно 22,2 милиони работни места, изгубени во март и април, досега се обештетени 12,1 милиони.

Најголемата светска економија е погодена од нов бран на коронавирус, со повеќе од 100.000 новоинфицирани дневно од почетокот на ноември. Вкупно, повеќе од 12 милиони луѓе биле заразени со коронавирус во САД.

Повеќе од 257 илјади граѓани починаа од ковид-19, а бројот на хоспитализирани расте, што ги принуди властите повторно да воведат рестриктивни мерки во економијата и социјалниот живот.

Министерството за трговија во средата, во својата втора проценка на БДП, потврди дека американската економија пораснала за 33,1 процент на годишно ниво во третиот квартал, откако паднала за 31,4 проценти во вториот квартал, најсилниот од 1947 година, кога Владата започнала да води евиденција.

Поврзани вести

ССК: Развоен фонд за изградба и одржување на индустриските зони

Влатко Зорба

Рускиот министер за енергија: Повисоки цени на нафтата не треба да се очекуваат наскоро

Stefanija Kuzmanovska

Нова цена за стандардниот приклучок на струја

msp-admin