СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

САД влегоа во рецесија во февруари по 128 месеци експанзија

САД влегоа во рецесија во февруари по 128 месеци експанзија, наведе група на економисти во САД.

„Врвот на месечната економска активност на САД беше во февруари 2020 година. Овој врв го означува крајот на експанзијата што започна во јуни 2009 година и почетокот на рецесијата. Експанзијата траеше 128 месеци”, наведе одборот за датирање економски циклус, Националното биро за економски истражувања, кој е референца во таа област.

Традиционалната дефиниција за рецесија е кога економската активност паѓа за два последователни квартали, но овој одбор ја дефинира рецесијата како пад на економската активност која трае повеќе од неколку месеци. Одборот заклучи дека во овој случај, длабочината на падот од февруари доведе до утврдување дека рецесијата започнала.

„Големината на падот на вработеноста и производството е без преседан, а нејзиниот широк домет на целата економија заслужува оваа епизода да се нарече рецесија, иако излегува дека е пократка од претходните рецесии“, соопштија од одборот.

Стапката на невработеност официјално е 13,3 проценти во мај, што е помалку од 14,7 проценти во април, но и двете бројки се повисоки од секој економски пад од Втората светска војна.

Десетици милиони Американци бараат бенефиции за невработеност од март, а БДП падна скоро пет проценти во првиот квартал.

Економистите предвидуваат дека падот на БДП во вториот квартал ќе биде околу 20%.

Првата економија во светот, сепак, покажува некои знаци на закрепнување по делумно отворање на сојузните држави и вбризгување на 3.000 милијарди долари помош на компаниите и поединците како илјада милијарди долари во форма на ликвидност обезбедена од централната банка на САД.

Поврзани вести

Славески: Србија само со исплатата на 100 евра на секој полнолетен граѓанин ја надминала помошта доделена во Македонија

Македонците дома чуваат 1,5 милијарди евра?

Берта Китинска

Раде Кончар: Недостатокот од регистарски таблички не е поврзан со нашето работење

Влатко Зорба