СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

СДСМ: Со нас земјоделството е на прав пат, зголемена откупната цена на тутунот

Соопштение за јавност

Аграрните мерки и политики на СДСМ имаат директно влијание на одржување на трендот на раст на  откупната цена на тутунот која сега има највисоко ниво во последните шест години.

Па, така просечната откупна цена за килограм тутун од реколтата 2019-та изнесува 222,5 денари за килограм и е речиси два пати повисока во однос на 2014 година кога беше 118 денари.

Претходните две години пак, реколтата 2017-та тутунот се откупуваше по  217,6 денари за килограм, а 2018 цената беше 214,5 денари за килограм.

Преку навремени, неселективни и повисоки субвенции, тутунарите добија поттик да произведуваат висококвалитетен тутун, што имаше сериозен импакт врз откупната цена.

Денес, субвенциите за прва класа тутун изнесуваат 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа и 60 денари за трета и за дополнителните класи.

Досега се откупени 20 милиони килограми тутун, односно 80 отсто од планираниот откуп. Вредноста на откупениот тутун изнесува скоро 4,3 милијарди денари, од кои на тутунопроизводителите веќе им се исплатени 4,1 милијарди.

Дополнително, со новиот закон за тутун од оваа година се укинуваат евидентните листови, со што значително се олеснуваат административните процедури за тутунопроизводителите, кои ќе ги склучуваат договорите директно со откупните претпријатија.

Додека ВМРО-ДПМНЕ манипулираше со земјоделците, со СДСМ трудот на тутунарите се цени и плаќа. Тутунопроизводството е една од стратешките гранки во земјоделскиот сектор кој што добива силна поддршка од Владата на Република Северна Македонија.

Со СДСМ земјоделството е на прав пат и на тој пат продолжуваме и по победата на 12 април.

Поврзани вести

Комора на сметководители: МФ потврди засега се дозволува системски неконтролирана е – трговија

Влатко Зорба

Ангеловска-Бежоска: Високото ниво на девизните резерви ѝ овозможи на Народната банка да реагира навремено и смело за време на пандемијата

Влатко Зорба

НБ: Постигнато е историски највисоко ниво на девизните резерви

Влатко Зорба