СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Шест илјади граѓани над 64 години возраст наместо да одат во пензија, продолжиле да работат

Шест илјади граѓани над 64 години возраст согласно важечкото законско решение продолжиле да работат, наместо да одат во пензија и на нивно место да дојдат млади и компетентни кадри. Новото законско решение кое требаше да биде донесено предвидува продолжувањето до 67 години единствено да важи во здравството и во високото образование ако има недостиг од кадар, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Таму каде што согласно со реформите во јавната администрација нема потреба од кадар, рече таа во „Топ тема“ на ТВ Телма, тие места нема ни да се пополнат.

– Адиминистративците треба да одат на 64 години, општеството нема потреба класичните административци да продолжат да работат – рече Шахпаска.

Посочи дека законот кој се уште не е изгласан предвидува одење во пензија на 64 години и 15 години стаж, а жените можат да одат во пензија и со 62 години, доколку за тоа изразат волја, согласно со Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

Поврзани вести

Лидл нема никакви планови за влез на пазарот во Северна Македонија

Битиќи: Креираме политики кои ќе овозможат предвидливо бизнис опкружување и привлекување на капитално интензивни инвестиции

Влатко Зорба

Битиќи нема да присуствува на средбата со НУК

Влатко Зорба