СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Широк спектар на можности соработката помеѓу Македонија и Франција преку Француската развојна агенција

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, придружуван од државни секретари и високи административни службеници од девет министерства, денес одржа работна средба со амбасадорот на Република Франција во нашата земја, Н.Е. Сирил Бомгартнер и делегација на Француската агенција за развој, предводена од регионалниот директор за Западен Балкан Доминик Отберг, на која се разговараше за евентуалните можности за соработка помеѓу нашата земја и Француската агенција за развој.

Вицепремиерот Битиќи, во своето воведно излагање посочи дека Владата на Република Северна Македонија е посветена на реализација на проекти со кои ќе се подобруваат условите за живот на граѓаните на Република Македонија, а со кои воедно ќе се трасира патот кон целосна интеграција на земјата во Европската Унија, при што истакна дека влегувањето на Француската агенција за развој во Северна Македонија е еден чекор напред кон продлабочување на соработката помеѓу двете пријателски земји.

Амбасадорот Бомгартнер и регионалниот директор Отберг ја претставија мисијата на Француската агенција за развој, истакнаа дека станува збор за тело кое остварува меѓународни проекти кои се во согласност со политиките на Владата на Република Франција, кое е воспоставено пред повеќе од 80 години и има активности во над 100 земји во светот. Воедно, со отворањето на регионалната канцеларија за Западен Балкан на агенцијата, пред околу 1 и пол година, Франција ја покажа својата силна намера да им помогне на земјите од регионот во подобрување на условите за живот и евро-интеграциските процеси, притоа почитувајќи ги одредбите од Парискиот договор.

Битиќи и претставниците на министерствата ги презентираа тековните и идните планирани проекти од инфраструктурата и социјалното домување, поддршка на младите и заштита на културното наследство, унапредување на правосудниот систем, рамномерниот регионален развој, земјоделството, здравството, заштитата на животна средина, енергетика и енергетска ефикасност и поддршка на претпријатијата.

Вицепремиерот, амбасадорот Бомгартнер и регионалниот директор Отберг се согласија дека постои навистина широк спектар на можности соработката помеѓу Република Северна Македонија и Република Франција, преку Француската развојна агенција, во годините кои следат, се повеќе да се развива, а пред се во интерес на создавање на подобри услови за живот на граѓаните, но и исполнувањето на критериумите за членството на земјата во ЕУ.

Поврзани вести

Николовски: Со Законот за потекло на имот воведуваме контрола на капиталот и спречуваме незаконско богатење врз грбот на граѓаните

СКСЗМ: Уредбата за носење заштита на лицето е неприфатлива за деловната заедница

Берта Китинска

Светска банка: С. Македонија во најдлабока рецесија досега

Влатко Зорба