СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Сите што ги исполнуваат условите, а се испуштени од листите за домашна картичка ќе бидат додадени, вели Ангеловска

Нема ниту еден граѓанин или студент или средношколец или кој било доколку е во листата да остане без средства, без финансиска поддршка и без платежна картичка, бидејќи тоа е неселективен, транспарентен процес на воспоставување на јасни услови без постапки за аплицирање, без да треба човечки фактор да одлучува дали некој треба или не треба да е во листата или ги исполнува или не ги исполнува критериумите. Тоа ни го даваат податоците со коишто располагаат институциите, порача денеска министерката за финансии Нина Ангеловска.

Таа во одговр на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата посочи дека се пристигнати над 20 илјади пораки од граѓани кои ги намало на листата и додаде дека дел од пораките се враќале поради пополнување на сандачето на кое, како што рече, веднаш му бил зголемен капацитетот на меилови.

-Од вкупниот број пристигнати пораки се уште не е направена категоризацијата за да можеме да кажеме дека одреден дел се од средношколци коишто ги немало на листата, бидејќи, како што кажав, сите граѓани коишто сметаат дека ги исполнуваат критериумите согласно Уредбата и треба да се во листата поднесуваат меил со образложение и доказ дека треба да се во листата. Потоа треба надлежната институција да го потврди тоа за на лицето да му биде прифатена реакцијата и да биде додадено во листата, рече Ангеловска во одговор зошто некои средношколци ги нема на листата и колку приговори се пристигнати.

Во однос на начинот и одговарањето на барањата на оние коишто сметаат дека не се во листата, прецизира, организиран е тим во Генералниот секретаријат кој е во координација со Министерството за финансии и со банките за евентуални корекции во листите и прифаќање на некои лица доколку се испуштени.

-Доколку на пример има средношколци коишто не се заведени во системот ЕСР и не се дадени листите ако поднесат меил треба да можат да бидат вметнати во листите. Согласно тоа секако при базата на податоци можно е да претрпи корекции било кои одредени системски недоследности, технички пропусти коишто биле направени да се исправат и со тоа да се подобри и квалитетот на базата на податоци на средните школи, училиштата, нашиот образовен систем, министерствата и институциите, потенцира Ангеловска.

Поврзани вести

„Форбс“: Најбогатиот Французин, стана уште побогат

Берта Китинска

ЦГК: Повеќе од 8 милиони евра чинат тендерите за зимско одржување на патиштата за оваа сезона

Влатко Зорба

Вработени пријавувале неисплатен регрес, трудовиот инспекторат ќе врши инспекциски надзор во Бапал и Стед Комерц

msp-admin