СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

„Витаминка“ го усвои планот за работа за 2021 година, приоритет зголемување на продажбата дома и во егионот

Друштвото ПИ „Витаминка“ АД Прилеп, го усвои планот за работа за 2021 година на седницата на Одбор на директори одржана на 14.12.2020 година.

Предвидувањата во планот за работа се базирани врз основа на:

• Реалните пазарни очекувања, продажните проекции и можности за пласман на нашите производи на постоечките и новите пазари;
• Зголемување на продуктивноста и ефикасноста во искористувањето на сопствените ресурси и потенцијали;
• Намалување на поедини групи на трошоци во одредени сегменти.

Имајќи ја предвид среднорочната стратегија за развој на друштвото и во 2021 година продолжува со инвестирање со цел следење на развојните процеси. Основно инвестициите се однесуваат на модернизирање и автоматизирање на техничко-технолошките процеси, зголемување на постоечките капацитети, воведување на нови производни линии, градежна реконструкција и адаптација на производни хали и магацини за складирање.

Планираните вкупни приходи од оперативното работење на друштвото се позиционирани на износ од приближно 53.238.700 ЕУР. Од вака планираните вкупни приходи 60 % се планирани да се оствараат на домашниот пазар, а 40% да се оставараат на странски пазари.

Како приоритети на продажба се следните:

• Зголемување на продажбата на домашниот пазар;
• Зголемување на продажбата во балканските земји.

Остварувањето на финансискиот план ќе ја зголеми добивката на друштвото.

Поврзани вести

ТУК: Континуирана финансиска поддршка за опстанок на туристичкиот сектор

Влатко Зорба

Бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 53.4 %

Влатко Зорба

Пет совети како да станете побогати

Влатко Зорба