СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Скопје Мериот хотел одбележува 5 години постоење

Со бројни активности, промоции, подароци и попусти, Скопје Мериот хотел одбележува 5 години постоење. Активностите во хотелот, Дистрикт бар и ресторан, ресторанот во склоп на хотелот и Данделион спа центарот, ќе се однесуваат на гостите со престој, на соработниците и лојалните посетители и ќе се спроведат соодветно активните заштитни и безбедносни мерки. Со широката и разновидна програма, целта е да се опфатат што е можно повеќе сегменти, и со тоа и тие да станат дел од приказната за хотелот во центарот на градот.

Во изминатите 5 години Скопје Мериот хотел со разновидната понуда, дополнителните содржини, иновативност и креативност во организирање разни активности, покажа дека социјалниот и културниот живот може да се одвиваат во еден сосема поинаков амбиент и на различно ниво. Стана препознатлив како место за совршено организирани семејни, корпоративни и социјално општествени настани.

Исто така, хотелот во текот на целото свое работење повеќе пати се истакна со својата општествена одговорност, преку поддршка на разни проекти за помагање на социјално загрозени групи граѓани, но и самоиницијативно со еколошки свесни активности, поддршка на младите и поттикнување на образованието, уметничката креативност и личниот развој.

Во последната година Скопје Мериот хотел работи во вонредни услови и со примена на сите антиковид мерки и препораки. И во отежната ситуација и со повеќекратни безбедносни мерки за своите гости и посетители, продолжува да ја комплетира сликата за првокласен хотел во срцето на Скопје, со високопрофесионална услуга и социјално општествена свесност.

Поврзани вести

Бруто-произведената обновлива електрична енергија изнесува 44,2% од финалната потрошувачка на електрична енергија во 2019 година

Влатко Зорба

Најстариот милијардер има „само“ 101 година и тежи над една милијарда долари

Stefanija Kuzmanovska

ССК: Се кочи развојот на поштенската индустрија во земјата

Влатко Зорба