СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Скопскиот аеродром го доби признанието „Гласот на клиентот“

Меѓународниот Аеродром Скопје е добитник на признание од Меѓународниот совет на аеродроми наречено „Гласот на клиентот“, со кое им се оддава признание на аеродромите што вложиле и покажале значајни напори во собирање повратни информации од патниците преку програмата за Квалитет на аеродромските услуги, а со цел подобро да ги разберат нивните клиенти за време на пандемијата.

Ова признание, како што информираат од ТАВ Македонија, се доделува на аеродромите што и понатаму даваат приоритет на нивните клиенти и останаа верни на заложбата дека гласот на патниците е слушнат дури и за време на пандемијата со КОВИД-19 во 2020 година.

-Среќни сме што Меѓународниот совет на аеродроми ни го додели ова признание за Меѓународниот Аеродром Скопје, како еден од 140-те аеродроми на светско ниво, коишто продолжија да ги слушаат мислењата на клиентите, дури и во овие тешки времиња за аеродромите предизвикани од пандемијата со КОВИД-19. И покрај тешките околности, и борбата да се опстане, ние сепак одлучивме дека задоволството на клиентите ќе остане еден од нашите врвни приоритети, изјави Метин Батак, Генерален директор на ТАВ Македонија.

Скопскиот аеродром е меѓу 140-те аеродроми низ светот што го добиваат ова признание, а припаѓа во групата од 33 аеродроми во регионот на Европа; признанието го добија и 69 аеродроми во Азиско-Пацифичкиот регион, 24 аеродроми од Северна Америка, шест аеродроми од Африка, пет аеродроми од Латинска Америка-Кариби и три аеродроми од Блискиот Исток.

Поврзани вести

МЕПСО: Тарифата за пренос на електрична енергија ја утврдува надлежното регулаторно тело

Берта Китинска

Од наредната година задолжително пензионирање на лицата над 64 години

Берта Китинска

Почнува стечајното рочиште за Еуростандард Банка