СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Amazon во најголемиот проект за обновлива енергија

Американската компанија Amazon постигна договор за набавка на 380 мегавати (MW) ветерна енергија од „Hollandse Kust Noord“ – електрана на брегот на Холандија.

Ветерната електрана ја развива „CrossWind“, конзорциум на Royal Dutch Shell и Eneco, компанија сопственост на јапонски Mitsubishi.

Amazon посочува дека овој проект, наречен Amazon-Shell HKN Offshore Wind Project е „неговиот најголем проект за обновлива енергија на едно место“.

Ветерната електрана се очекува да биде во функција до 2023 година со инсталирана моќност од 759 MW.

Ова значи дека Amazon ќе купи 20 проценти од вкупната моќност почнувајќи од 2024 година за централата во Европа, вклучително и 250 MW од Shell и 130 МW од Eneco.

Овој проект за Amazon претставува чекор поблизу до целта да стане компанија со 100 проценти обновлива енергија до 2025 година, пет години пред објавената првична цел кон крајот на 2019 година.

Поврзани вести

За прв пат по скоро 40 години, Budweiser нема да рекламира во „Супер Боул“

Влатко Зорба

НЛБ размислува за проширување во Албанија

Влатко Зорба

„Фолксваген“ исплати најголем дел од оштетите по скандалот „дизелгејт“ во Германија

msp-admin