СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Скопскиот аеродром го доби признанието „Гласот на клиентот“

Меѓународниот Аеродром Скопје е добитник на признание од Меѓународниот совет на аеродроми наречено „Гласот на клиентот“, со кое им се оддава признание на аеродромите што вложиле и покажале значајни напори во собирање повратни информации од патниците преку програмата за Квалитет на аеродромските услуги, а со цел подобро да ги разберат нивните клиенти за време на пандемијата.

Ова признание, како што информираат од ТАВ Македонија, се доделува на аеродромите што и понатаму даваат приоритет на нивните клиенти и останаа верни на заложбата дека гласот на патниците е слушнат дури и за време на пандемијата со КОВИД-19 во 2020 година.

-Среќни сме што Меѓународниот совет на аеродроми ни го додели ова признание за Меѓународниот Аеродром Скопје, како еден од 140-те аеродроми на светско ниво, коишто продолжија да ги слушаат мислењата на клиентите, дури и во овие тешки времиња за аеродромите предизвикани од пандемијата со КОВИД-19. И покрај тешките околности, и борбата да се опстане, ние сепак одлучивме дека задоволството на клиентите ќе остане еден од нашите врвни приоритети, изјави Метин Батак, Генерален директор на ТАВ Македонија.

Скопскиот аеродром е меѓу 140-те аеродроми низ светот што го добиваат ова признание, а припаѓа во групата од 33 аеродроми во регионот на Европа; признанието го добија и 69 аеродроми во Азиско-Пацифичкиот регион, 24 аеродроми од Северна Америка, шест аеродроми од Африка, пет аеродроми од Латинска Америка-Кариби и три аеродроми од Блискиот Исток.

Поврзани вести

Промена во органите на управување и надзор во Државна лотарија

Влатко Зорба

НБ: Вкупниот државен долг изнесува 50,6% од БДП во четвртиот квартал од 2020-та

Влатко Зорба

Голем дел од занаетчиите не можат да аплицираат на бескаматните кредитни линии на Развојна банка

Влатко Зорба