СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

ССМ: Исправаме голема неправда кон работниците

На барање на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), во новиот Предлог-закон за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравственоекономската криза, заради исплата на платите за октомври, ноември и декември 2020 година, кој е денеска на седница на Собрание, утврдено е дека работодавачот кој ќе користи финансиска поддршка за исплата на плати за вработениот, должен е да му ја исплати платата најмалку до износот на примената финансиска поддршка, но не помалку од износот на минималната плата утврдена со Законот за минимална плата.

Тоа значи дека работодавачот, соопшти ССМ, е должен да ја исплаќа платата на работникот во висина утврдена согласно Закон, Колективен договор и Договор за вработување. Разликата помеѓу финансиската поддршка и висината на платата утвредена во Договорот за вработување, работодавачот е должен да ја исплати од сопствени средства.
– Со ваквото решение се става крај на злоупотребите од страна на несовесните работодавачи кои земаа финансиска поддршка од државата за исплата на плати, а им исплаќаа помалку од износот на добиените средства или воопшто не исплаќаа плата, се наведува во соопштението на ССМ потпишано од Дарко Димовски.

Дополнително, на барање на ССМ се спречува и отпуштање на работниците за времетраење на финансиската поддршка и два месеца по завршувањето на месецот за кој е користена финансиската поддршка, а бројот на вработени кај работодавачот кој користи финансиска поддршка за исплата на плати, во однос на бројот на вработени во месецот за кој користел финансиска поддршка, не смее да се намалува.

– Дополнително, на инсистирање на ССМ, предвидени се и глоби до 10.000 евра во денарска противвредност и кривична одговорност за работодавачите кои ќе ги злоупотребат средствата добиени од финансиската поддршка за исплата на плати, наведува ССМ.

Поврзани вести

Цените на нафтата паѓаат на 40 долари, трговците се загрижени за новиот бран на коронавирусот

Stefanija Kuzmanovska

Директните странски инвестиции од Италија во С.Македонија изнесуваат 107 милиони евра

Влатко Зорба

Арсовска: Приватниот сектор очекува тешка 2020 година

Никола Поповски