СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Стопанската комора за фотографска и видео-дејност бара средба со Владата

Субвенции на плати до крајот на пандемијата и средба со Владата, побара денес новоформираната Стопанска комора за фотографска и видео-дејност.

Претседателот на комората, Миле Спасов истакна дека во изминативе денови имале интензивни средби со претставници на фирмите низ земјава, а денес се наоѓаат во Штип.

„Да имаме како дејност фотографска и видео пристап до безкаматни кредити, може и како предлог е дадено да се направи финансиска анализа за работењето на нашите правни субјекти од 2019 до 2020 година и доколку возможно е да се добијат некакви грантови и помош од државата. Како највиско барање го ставаме делот на лиценцирање, односно преку законски измени и во соработка да успееме да издаваме лиценци ние како комора“, посочи Спасов.

Меѓудругото, тој посочи дека од вкупно 250 компании, во моментов поради коронакризата и протоколите околу 15 отсто се во мирување. Освен што бараат подршка за намалување на штетите од корона кризата очекуваат и помош во борбата против оние во нивната дејност што работат на црно и им крадат над половина од приходите.

Поврзани вести

Поддршка од Холандија за градење на човечкиот капитал во Министерството за финансии

Stefanija Kuzmanovska

Бесими: Јавниот долг во функција на економскиот раст

Влатко Зорба

Директорката на ММФ: Глобалниот раст во оваа година далеку под минатогодишниот