СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Сугарески бара носење нов закон за легализација на дивоградбите

Легализацијата на дивоградбите со новиот закон нема да биде едно евро од квадрат, соопшти денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески по поставувањето на првиот столб од далноводот од Штип кон Пробиштип. Тој во вторник ќе ја презентира информацијата и потребата од носење нов закон за легализација на дивоградбите.

-Комуналиите ќе бидат некаде 100 проценти што е еден вид казна од 50 проценти, плус УНЕСКО ќе биде буквално надвор од тој Закон, за да немаме дилеми апсолутно дека ќе се случува таму нешто и понатаму. Лицата со социјален ризик се опафтени во тој дел, каналските канализации. Меѓутоа добро е прво да помине информацијата на Влада и предлог Законот да го доставиме и потоа ќе бидете целосно информирани, изјави Сугарески.

Законот е правен заедно со општините и ЗЕЛС, а целта е да се решат објектите кои во моментов не можат да се легализираат, согласно постојниот Закон.

Прашан како тоа ќе влијае врз граѓаните и фирмите кои градат легално, Сугарески објасни дека оние што граделе нелегално ќе си платат казни и комуналии.

-Ќе го земам за пример Штип каде во моментов можеби има 4.000 дивоградби или не знам, еден куп низ државата. Ние мора да ги решиме, тие мора да имаат правен статус, рече Сугарески.

Поврзани вести

Димковски го образложи буџетот за 2020-та: Наша цел е да создадеме модерно и конкурентно земјоделско производство

Влатко Зорба

Лукаревска: Изгласани законските измени, Викенд без ДДВ обезбедува повеќе пари кај граѓаните

Неделава ќе биде објавен списокот на корисници на помош од 6.000 денари

Берта Китинска