СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Хуавеи донирале маски и заштитна опрема на здравствените работници во Европа

Телекомуникацискиот оператор Хуавеи се приклучува на групата кинески компании кои донирале милион маски и заштитна опрема во европските земји, покажувајќи корпоративна „мека моќ“ во периодот на пандемијата, објави „Политико“.

Компанијата Хуавеи, која останува во центарот на жестока дебата за безбедноста на мрежата, донираше два милиони маски за лице, како и десетици компјутерски таблети за здравствените работници во повеќе европски земји, потврди портпаролот на кинеската компанија.

Нивната донација се приклучува на донацијата од Алибаба, кои неодамна го отвориле центарот, како и други кинески компании.

Овој бран донации од кинески компании оди заедно со напорите предводени од Пекинг за поддршка на земјите од ЕУ погодени од вирусот, но и покрај контроверзии околу безбедноста на мрежата 5G на Хуавеи.

Франција, Велика Британија, Полска, Холандија и други земји презедоа чекори за намалување на количината на опрема што Хуавеи ја користи во својата мрежа.

Поврзани вести

Android 11 го отстранува ограничувањето од 4 GB за видеа

msp-admin

Samsung ќе ги претстави своите нови Galaxy смартфони на 14 јануари

Влатко Зорба

Android 10 навлегува побрзо од претходните верзии

msp-admin