„Утврдени се неправилности кај 41 работодавач и согласно законот, донесени се 41 решенија со опомена на работодавачите да ги отстранат утврдените неправилности“, истакна на денешната прес-конференција директорката на Државниот инспекторат за труд, Јована Тренчевска.
Според неа, инспекторатот по донесените решенија извршил 17 контролни инспекциски надзори со цел утврдување дали е постапено по донесените решенија.
„Десет од нив ја отстраниле неправилноста односно ја исплатиле платата, шест не постапиле и не исплатиле плата, за што е изречена инспекциска мерка Решение со наредба и даден е рок за постапување. Кај еден работодавач кој не постапил по Решението со наредба изречена е глоба и издаден е прекршочен платен налог. Прекршениот налог за неа изнесува 200 евра за одговорното правно лице и 150 евра за одговорното лице. Се работи за фирма што има до 10 вработени. Неправилноста која што е утврдена е неисплата на платата за еден вработен“, вели Тренчевска.