СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Макрадули и Сугарески најавија поврзување на Пошта и Царина во еден систем за дигитализација на постапките

Поштенскиот сообраќај има важна улога во царинското работење, бидејќи покрај пратките со писма, се врши праќање и на пакети кои се царинска стока. Оттаму е значајно зајакнувањето на соработката и активностите на АД „Пошта“ и Царинската управа на РСМ. На оваа тема разговараа не денешната средба директорот на Царинската управа, Горан Сугаревски и на А.Д. „Пошта“, Јани Макрадули, при што е најавено дека оваа година ќе има поврзување на Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи, СОЦДАД, на Царинската управа, со ИТ системот на АД „Пошта“.

Како што соопштија од Царинската управа, во текот на 2020 година се спроведе проект за модернизација на царинското работење во е-трговија и во поштенскиот сообраќај, меѓу РСМ и царината на Кореа. А, оваа година, германското друштво за меѓународна соработка, ГИЗ, започна нов регионален проект за модернизирање на прекуграничната е-трговија и поштенското царинско работење, во рамки на ЦЕФТА. Целта на овој проект кој ќе трае 4 години е: подобрување на законодавството за е-трговија, подобрување на даночното законодавство и хармонизирање на царинските постапки во ЦЕФТА регионот.

ДИРЕКТОРИТЕ НА ЦАРИНСКА УПРАВА И А.Д.ПОШТА НА СРЕДБА ПО ПОВОД РАЗВОЈ И ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА Е-ТРГОВИЈАТА

➡Директорот на…

Posted by Царинска управа on Wednesday, February 10, 2021

Поврзани вести

Народна банка: Се овозможува ист третман и на клиентите на банките и штедилниците коишто добиле кредитна поддршка во текот на март

Халкбанк со инвестиција над 25.000 евра за поддршка на угостителскиот сектор

Берта Китинска

Работодавачите и Владата ги надгласаа работниците за висината на минималната плата

Влатко Зорба