СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Трудовиот инспекторат не дава информации на Хелсиншкиот комитет дали ги провериле фирмите што не исплаќаат К-15

Државниот инспекторат за труд не дава одговор на Хелсиншкиот комитет за случаите кои им ги пријавиле, а во врска со неисплатен годишен регрес на вработени во повеќе фирми. Помеѓу пријавените е и фирмата „Бапал“, која го доби тендерот за чистење во државните институции, пишува „Ден“.

Од Хелсиншкиот комитет за „Ден“ посочуваат дека се уште чекаат одговор од Инспекторатот дали постапил по нивното барање за вонреден инспекциски надзор на фирмата „Бапал“, за која и претходно добивале информации за ненавремено исплаќање на плати.

„Дел од работниците ги пријавија прекршувањата на нивните работнички права во Државниот инспекторат за труд, а во 9 случаи правниот тим на Комитетот се обрати до Инспекторатот со барање за спроведување на вонреден инспекциски надзор. Од Инспекторатот досега немаме добиено одговор по поднесените пријави. Имавме една пријава дека на вработените во Бапал не им е исплатен регресот, но сѐ уште не добивме одговор од ДИТ“, ни одговорија од Комитетот .

Од почетокот на оваа година досега,  Хелсиншкиот комитет има регистрирано 16 случаи на неисплатен регрес за годишен одмор и 3 случаи на исплатен регрес во износ помал од предвидениот минимум.

„Комитетот правно ги советуваше работниците во врска со: Стекнување на правото на регрес за годишен одмор на вработените во јавниот сектор, Постапката пред Државниот инспекторат за труд за пријавување на неисплатениот регрес и роковите за постапување, Правото на регрес за годишен одмор на работничките и работниците кои користеле породилно отсуство, и исклучоците од правилото за исплаќање регрес за годишен одмор“, изјавија од Комитетот за „Ден“.

Целиот текст прочитајте го на Ден.мк

Поврзани вести

Бабовски: Со ИПАРД средствата се развива домашната економија и се отвораат нови работни места

Петпати повисок данок ако не пријавите недвижнина што не ја користите

Влатко Зорба

До Собранието ќе биде доставен новиот закон за платни системи и платежни услуги