Приговорите на граѓаните за платежните картички се разгледуваат Министерството за финансии и Генералниот секретаријат ги обработуваат и штом ќе имаат сумарни податоци, ќе излезат и ќе ја известат јавноста, рече денеска вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска.
Царовска не кажа на што точно се однесуваат приговорите.
-Важно е дека приговорите пристигнуваат, се создадоа можности сите граѓани кои сметаат дека се онеправдани да поднесат приговор до институциите. Министерството за финансии и Генералниот секретаријат ги обработуваат и веројатно штом ќе имаат сумарни податоци ќе излезат и ќе ја известат јавноста транспарентно за каков тип приговори станува збор. Секако, групирањето на приговорите е многу важно, колку од нив се позитивно решени, колку не. Се бараат и докази да се приложат кон приговорот и на тој начин да може да им се обезбеди правото доколку им следува, а институциите направиле одредени технички пропусти, истакна Царовска, одговорајќи на новинарски прашања по презентацијата на резултатите од јавниот повик „Стартапувај 2″.
Таа уште еднаш нагласила дека е важно институциите што ја спроведуваат ревизијата и примањето на приговорите, да ја известуваат јавноста за целиот процес.
„Токму затоа посочувам дека Министерството за финансии и Генералниот секретаријат кога ќе имаат информации, ќе излезат јавно и транспарентно како и досега“, потенцира Царовска.
На прашањето како ако некој сака, може да ги донира средствата, вицепремиерката потсети дека картичките се персонализирани и единствениот начин е тие да се вратат назад.