СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Цените на нафтата растат трета недела по ред

Цените на нафтата на светските пазари се зголемиja и минатата недела, трета по ред, бидејќи многу земји ширум светот ги ублажуваат рестриктивни мерки против коронавирусот, така што побарувачката за „црно злато“ расте, додека залихите се намалуваат, пренесува хрватски „Н1“.

Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА), објави проценка дека глобалните залихи на нафта ќе опаднат за околу 5,5 милиони барели на ден во втората половина од годината.

Исто така предвидува пад на побарувачката оваа година, и тоа за 8,6 милиони барели на ден.

Но, најголемите светски производители веќе нагло го намалија производството. Неодамна, Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и независните производители предводени од Русија се догворија за најголемото намалување на производството во историјата, за 9,7 милиони барели на ден, што стапи на сила од 1 мај.

Поврзани вести

ЕУ повеќе нема да ја смета Швајцарија за „даночен рај“

msp-admin

Комисија ќе решава дали потполно ќе се приватизира „Попова Шапка“ или ќе се оди со јавно приватно партнерство

Влатко Зорба

Ќе се менува ли цената на горивата од полноќ?