СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Започнува изградбата на насипна брана со придружни објекти на „Отиња” во вкупна вредност од 460 милиони денари

Владата ја разгледа и ја усвои и Информацијата за отпочнување со реализација на проектот: Изградба на насипна брана со придружни објекти „Отиња”, Општина Штип, при што даде согласност за преземање на обврски во програмите опфатени со развојниот дел од буџетот, за чие плаќање е потребно користење на буџетски средства во 2021, 2022 и 2023 година на Министерството за транспорт и врски, за Изградба на насипна брана со придружни објекти „Отиња”, Општина Штип, во вкупна вредност од 460 милиони денари со ДДВ, со динамика на плаќање и тоа:

– 2021 година – средства во износ од 160 милиони денари со вклучен ДДВ;

– 2022 година – средства во износ од 150 милиони денари со вклучен ДДВ; и

– 2023 година – средства во износ од 150 милиони денари со вклучен ДДВ.

Притоа беше задолжено Министерството за транспорт и врски да ги прикаже потребните буџетски средства во буџетскиот циркулар за соодветните фискални години, а Министерството за финансии да ги има предвид при утврдување на Буџетот на Република Северна Македонија за соодветните фискални години.

Поврзани вести

Петпати повисок данок ако не пријавите недвижнина што не ја користите

Влатко Зорба

Гасоводната делница Скопје-Тетово Гостивар ќе биде завршена во втората половина на следната година

Берта Китинска

Одлуката на НБРМ за стечај на банката има политичка заднина, тврди Костовски

Берта Китинска