СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Угостителите ќе ги презентираат своите ставови за ублажување од кризата

Туристичко-угостителска комора на Македонија денеска ќе ги презентира своите ставови и предлози за ублажување на последиците од коронавирусот врз овој сектор.

Угостителите, како што информираат од Сојузот на стопански комори, сметаат дека досегашните мерки не ги задоволуваат потребите за одржување на малите субјекти. За таа цел на прес конференцијата ќе биде соопштена колективната одлука, на повеќе од 1000 угостителски објекти во земјава. По стапувањето на сила на мерките за заштита од коронавирусот, голем дел од угостителите ги затворија своите објекти. Во овој сектор се вработени повеќе од 29.000 лица.

Поврзани вести

Рудникот САСА почна со санација на последиците од истекување на јаловината

Никола Поповски

Фирма ќе се отвора со едно евро

Берта Китинска

Работодавачите и Владата ги надгласаа работниците за висината на минималната плата

Влатко Зорба