СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

УЈП: Годишните даночни пријави за 2020 година да се потврдат или корегираат најдоцна до 31 мај

Од УЈП денес информираа дека годишните даночни пријави за 2020 година може да се проверат преку кориснички профил на „е-Персонален данок“ и дека потврда или корекција на истите се врши најдоцна до 31.05.2021 година.

„На 01.06.2021 година Годишните даночни пријава ќе добијат статус на конечни. Ако пријавите не се ниту потврдени ниту коригирани истите ќе бидат потврдени службено.

Коригираните Годишни Даночни пријави ќе бидат разгледани и одлучени од службено лице на Управата за јавни приходи, а доколку службеното лице не ја одобри корекцијата на Годишната Даночна пријава ќе се донесе Решение за утврдување на данок на личен доход за 2020 година.

Граѓаните кои сѐ уште немаат свои кориснички профили на „е-Персонален данок“ апелираме да се регистрираат и да ги користат придобивките кои ги нуди овој систем“, стои во соопштението.

Поврзани вести

Вкупните даночни приходи во 2020 година се реализирани во износ од 189,8 милијарди денари

Влатко Зорба

АХВ за четири дена спроведе 277 контроли и изрече 22 мерки

Берта Китинска

Царовска: Креираме мерки за да ги задржиме младите овде