СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

УЈП: Во тек е исплатата на поврат на данок на личен доход на земјоделците

Управата за јавни приходи соопшти дека во тек е исплатата на поврат на данок на личен доход на земјоделците кои во текот на 2019 година оствариле доход од продажба на сопствени земјоделски производи.

На 14 451 земјоделци ќе им се исплати 87.036.280 денари. Исплатата се реализира кај земјоделците кои пријавиле валидни трансакциски сметки, а земјоделците кои ги исполнуваат условите за поврат на данок на личен доход, а не ги ажурирале своите трансакциски сметки, ги повикуваме тоа да го направат во најкус можен рок во најблиските организациони единици на Управата за јавни приходи.

Право на поврат на данок на личен доход остваруваат физичките лица кои остваруваат доход од продажба на сопствени земјоделски производи чиј износ не надминува 1 000 000 денари, врз основа на податоците од потврдените годишни даночни пријави и кои се запишани во Единствениот регистар на земјоделските стопанства и други податоци со кои што располага Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, немаат остварено доход по друг основ кој е оданочлив согласно Законот за данокот на личен доход и кои не се ДДВ обврзници, соопштија од УЈП.

Поврзани вести

Арсовска со нов мандат во Глобалниот комитет на жени лидери

Ангела Веселиновска

ПУЦКО ПЕТРОЛ го „лапна“ тендерот вреден 3,2 милиони евра од М.Ж.Транспорт

Влатко Зорба

„Оштетени штедачи“: Уште во 2017 година гувернерката Бежоска била информирана и добро знаела дека се вршат трансакции преку кои се перат пари

Ангела Веселиновска