СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

УПОЗ бара вонредна инспекција поради не исплатата на К-15 за 2020 година

Синдкатот на УПОЗ поднел барање за вонреден инспекциски надзор до Државниот инспекторат за труд, во врска со не исплатата на регресот за годишен одмор за 2020 година, согласно член 21 од Гранскиот колективен договор за вработените во органите на државната управа, судовите, јавните обвинителства, казнено – поправните и воспитно – поправните установи, државното правобранителство, единиците на локалната самоуправа, агенциите, фондовите и центрите за социјални работи и други органи основани од Собранието на Република Северна Македонија.

Синдикатот на УПОЗ и Министерството за информатичко општество и администрација на 6 февруари лани го склучија Гранскиот колективен договор за органите на државната управа, стручните служби на Владата на Република Северна Македонија, судовите, јавните обвинителства, казнено – поправните и воспитно – поправните установи, државното правобранителство, Општините, Градот Скопје и општините на Градот Скопје, агенциите, фондовите и другите органи основани од Собранието на Република Северна Македонија.

Овој колективен договор беше објавен во Службен весник на РСМ под број 51 од 25.02.2020 година, а во членот 49 од колективниот договор е наведено дека: „Овој колективен договор влегува на сила со денот на склучување, а ќе се применува од денот на неговото објавување во “Службен весник на Република Северна Македонија”.

Во членот 21 од Колективниот договор е предвидено дека секој вработен има право на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 9.000 денари нето, под услов да работел шест месеци во календарската година кај работодавачот и се исплатува најдоцна до крајот на тековната година.

Иако во членот 21 јасно е предвиден износот за регрес за годишен одмор и рокот за исплатата, до сега ова право е исплатено само во неколку општини, а во ниту еден орган опфатен со овој Колективен договор не е извршена исплатата на ова право.

Од тие причини, Синдикатот на УПОЗ се обрати до Државниот инспекторат за труд, со цел да се изврши вонреден инспекциски надзор со кој ќе се утврди дали на вработените им е исплатено правото на регрес за годишен одмор, а доколу утврди дека не е испатен, со Решение да им се наложи на работодавачите од членот 2 став 1 од Колективниот договор истото да го сторат во најбрз можен рок, соопштија оттаму.

Поврзани вести

Одобрени се 23 милиони евра од ,,Ковид 3” за вкупно 2.009 корисници со 15.197 вработени

Влатко Зорба

Ангеловска: Ја стимулираме продуктивноста со активните мерки

Процентот на граѓаните кои купуваат преку интернет се зголемил лани за 29 отсто