СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Уште три милиони Американци ги загубија своите работни места, вкупно 36 милиони за два месеци

Пандемијата од коронавирус продолжува да има силно влијание врз пазарот на трудот во САД.

Скоро три милиони луѓе ги загубија своите работни места оваа недела, соопшти Министерството за труд на САД.

Новите 2.981 милиони Американци аплицираа за бенефиции за невработеност, што е дури и повеќе од минатонеделните проценки на околу 2,5 милиони луѓе.

Во изминатите два месеци, повеќе од 36 милиони Американци ги загубија своите работни места.

Од вчера, во САД се регистрирани 1,39 милиони случаи на заразени со коронавирус, додека над 85.000 лица починаа.

Поврзани вести

Коронавирусот ги намалил приходите на општините за 18 отсто

Влатко Зорба

Како влијае работата од дома врз кариерата на жените, а како на мажите?

Stefanija Kuzmanovska

Професионалците кои работат со недвижнини едногласни – пандемијата е вистинско време за инвестирање

Влатко Зорба