СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Влада: Граѓаните можат да ја користат поддршката од 6.000 денари без рокови и ограничувања

Граѓаните, кои ќе добијат 6.000 денари еднократна поддршка, истата може да ја користат во кој било период без рокови и ограничувања. Станува збор за околу 300.000 граѓани кои средствата ќе ги добијат на трансакциска сметка, информираат од Влада.

-Тоа се пари наменети за граѓаните на кои им е потребна поддршка и истите може да се користат непречено веднаш по уплата на сметката. Овие средства се и остануваат за граѓаните. Дополнително целта е и да се поддржи домашната економија, преку стимулирање на личната потрошувачка.

Оваа мерка е од четвртиот пакет за финансиска поддршка на ранливи категории граѓани. По 6.000 денари на сметка добиваат граѓаните со низок доход, пензионери кои имаат до 15.000 пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници. За оваа мерка која ќе се реализира преку исплаќање на средствата на постоечката трансакциска сметка на граѓаните, испроектирани се вкупно 27,5 милиони евра, соопштија од Влада

На страницата kupuvamdomasno.gov.mk граѓаните може да проверат дали се на листата со внесување на својот матичен број.

Поврзани вести

На увоз на шеќер лани сме потрошиле 30,5 милиони долари

Stefanija Kuzmanovska

Договор на НБРСМ со ЕЦБ за заштита на банкнотите во евра од фалсификување

Влатко Зорба

Бочварски за „Кичево-Охрид“: Нема поскапување на проектот, цената е утврдена на 598 милиони евра уште во 2018. година