СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Влада: ТКП да ги преземе сите активности да се откупат дополнителни 700 тони тутун од вишокот од последната реколта

На својата редовна 55-та седница што се одржа вчера, Владата ја разгледа и усвои информацијата за состојбите за откуп на тутун од реколта 2020 година и донесе заклучок да му се укаже на Тутунскиот комбинат Прилеп да ги преземе сите активности да се откупат дополнителни 700 тони тутун од вишокот од последната реколта.

Како доминантен сопственик на Тутунски комбинат Прилеп, Владата на Северна Македонија преку својот претставник во ова акционерско друштво ќе иницира постапка за реализација на овој заклучок на собранието на акционери на Тутунски Комбинат Прилеп.

На седницата Владата ја усвои и информацијата дека неколку откупни претпријатија изразија подготвеност да откупат уште околу 600 тони од вишокот тутун од реколтата 2020, како и информацијата дека Тутунскиот комбинат – Прилеп ја презема реализацијата на 785 договори од Далија табак – Делчево за откуп на тутун од производителите, бидејќи оваа компанија не ги обезбеди потребните средства за откуп на 455 тони предвидени со овие договори.

Поврзани вести

Основните потреби за живот поскапени за повеќе од 1000 денари: Едно семејство може да живее со 550 евра

Граѓаните бесплатно може да добиваат податоци од Кредитниот регистер

Николовски: Ќе продолжи инвестицискиот бум, една милијарда евра странски инвестиции