СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Во Канада бензинот е поевтин од водата

Во Канада засега нема никакви недостатоци освен тоалетна хартија и цената на бензинот е пониска од цената на литар вода.

Професор д-р Борис Сакиќ, професор на универзитетот МекМастер, раскажува за РТС дека ситуацијата во Канада е стабилна, а смртноста е околу еден процент.

„Во моментов има околу 3.400 пациенти и 31 починати. Преземени се владини мерки за затворање на сите несуштински бизниси, но отворени се продавници за храна и лекови, банки и медиуми“, вели Сакиќ.

Кога станува збор за цената на основната храна, Сакиќ наведува дека тие не се променети, но дека цената на бензинот е помала од цената на литар вода.

„Нема недостатоци, освен тоалетна хартија“, вели професорот на Универзитетот МекМастер.

Поврзани вести

ИВАП бара вклучување во петтиот пакет мерки: „Нашите бизниси се пред колапс“

Влатко Зорба

Топ 10 земји во Европа, кои најмногу ги ценaт работниците

Берта Китинска

Законот кој го овозможува откупот на стаж објавен во Службен весник

Берта Китинска